-->
-->
Брутално претепале малолетник од Скопје за да го „поздрават" татко му
-->
Во 18 часот и 30 минути синоќа се одвивала драма на улицата Индира Ганди во Скопје, кога малолетник бил нападнат од тројца насилници, кои сакале да упатат поздрав кон неговиот татко. Полицијата денеска информира дека се работи за 15-годишно дете кое било пресретнато од возило во кое имало три непознати лица, додека си се движело на улица, по што едното од нив излегло од истото и физички го нападнало, удирајќи го со тупаници во пределот на телото. Пред лицето да се качи во возилото му се обратило на детето дека тоа било поздрав за неговиот татко по што сите избегале.
Од нападот детето се здобило со видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците