-->
-->
Брутална снимка од Сирија: Курдите го убиле командантот на џихадистите, тој ја снимил сопствената смрт и како соборците го оставиле да умре
-->
Еден командант на ИСИС ја снимил сопствената смрт, а судејќи по снимката, соборците го оставиле и тој умрел сам во агонија.
Се борел против курдските сили кои по размената на огнот, кога виделе дека сите џихадисти се разбегале, ја тргнале камерата од неговата глава.
Џихадистот бил погоден пред да успее да наполни муниција и потоа паднал на земја.
Како што се наведува, се се случило во близина на Деир ез Зор, најголем град на истокот на Сирија.
Сириските демократски сили - SDF, објавил дека џихадистите делувале крајно дезориентирано и дека ги игнорирале наредбите од својот лидер. Кога загинал, го оставиле таму.
Курдските сили би требало наскоро целосно да го ослободат последниот град, Хаџин, кој се наоѓа под контрола на ИСИС. По три месеци интензивни борби, Курдите заземале поголем дел од таа област.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово