Бруклин организираше „Драженова вечер“ во чест на славниот кошаркар
Екипата на Бруклин, поранешниот Њу Џерси Нетс на мечот со Чикаго приредија посебна вечер во чест на својата легенда Дражен Петровиќ.
Нетси не го заборавија легендарниот кошаркарски „Моцарт“ кој трагично загина во сообраќајна несреќа во Германија пред 25 години. Во чест на еден од најголемите кошаркари од екс-ју просторите во текот на мечот на публиката и беа поделени околу 10 илјади фигури со ликот на Дражен во дресот на Нетс. „ Ми вика , дај ми ја топката, ми оди. Го члува легендарниот Џордан! ...И му ја дадов....тогаш сфатив колку е голем„ се присети неговиот НБА соиграч Кени Андерсон.
Вечерта беше емотивна за сите присутни а на неговата мајка Бисерка и беше врачена топка со потписот на сите активни кошаркари.
Петровиќ играше во Џу Џерси Нетс од 1991 до 1993 година а посебен печат остави на европската кошарка.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“