Бројот на жртви во експлозијата во луксузниот хотел во Хавана достигна 40
На 40 се зголеми бројот на жртви во експлозијата, што одекна во хотелот Саратога во Хавана во петокот, соопшти кубанското Министерство за здравство.
Се верува дека експлозијата ја предизвикало истекување на гас.
Осумнаесет лица се на болничко лекување, 40 се загинати, меѓу кои и четири деца, како и млади лица и туристка од Шпанија.
Од повредените, шестмина се во критична, а седум лица во тешка состојба.
Медиуми синоќа информираа за околу 13 лица кои се водат како исчезнати, а четири тела извлечени од урнатините во текот на вчерашниот ден, им припаѓале на вработени во хотелот.
Луксузниот хотел бил затворен две години поради пандемијата.
Во саботата, Министерството за туризам соопшти за 51 вработен во зградата на хотелот за време на експлозијата. Првите четири ката на хотелот со пет ѕвездички се потполно уништени.
Изминатите години, во хотелот Саратога престојувале познати личности како Мик Џегер, Бијонсе, Мадона.
Ново на Сител
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека
-
Кај 17 угостителски објекти со активна лиценца утврдени неправилности, 9 останаа без лиценца