Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 100 други се повредени по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република, изјави шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.
Делови од покривот се урнаа врз посетителите на забавата за време на концертот на пејачот Руби Перез. Според медиумите, меѓу повредените е и музичарот, кој е популарен во Латинска Америка.
Спасувачите бараа затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.
-Продолжуваме да работиме и да бараме луѓе под урнатините. Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите нема да се откажат овде додека не се извлече и последниот човек од урнатините, рече Мендез.
Претседателот Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на „X“.
-Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица