Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 100 други се повредени по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република, изјави шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.
Делови од покривот се урнаа врз посетителите на забавата за време на концертот на пејачот Руби Перез. Според медиумите, меѓу повредените е и музичарот, кој е популарен во Латинска Америка.
Спасувачите бараа затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.
-Продолжуваме да работиме и да бараме луѓе под урнатините. Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите нема да се откажат овде додека не се извлече и последниот човек од урнатините, рече Мендез.
Претседателот Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на „X“.
-Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-
Христијаните во земјава го одбележаа најголемиот празник - Воскресение Христово Велигден
-
Државно-партискиот врв го честиташе Велигден
-
Илјадници верници во црквите во Охрид
-
Г. Петар: Со Цариград во моментов нема преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија