Бројот на заразени од Ковид-19 во светот расте пребрзо, дневно по 100.000 нови случаи
Бројот на нови случаи на Ковид 19 во светот расте побрзо од кога било порано, а гледајќи со неделен просек, се зголемува за повеќе од 100.000 дневно.
Додека во април бројот на новозаразени никогаш не достигна 100.000 за еден ден, од 21 мај дневното зголемување беше помало од оваа бројка само пет пати, додека на 3 јуни достигна 130.400, пренесе Си-Ен-Ен, повикувајќи се на статистиката од Универзитетот Џон Хопкинс.
Овој феномен може делумно да се припише на фактот дека капацитетите за тестирање се значително проширени, што не е случај насекаде, така што се уште не е можно да се обезбеди јасна слика за секоја земја.
Многу од земјите што првично беа погодени, како Кина, САД, Велика Британија, Италија, Шпанија и Франција, сега доживеаја пад на епидемиолошките бројки, но ширењето на инфекцијата се чини дека забрзува во многу други земји, особено во Јужна Америка, Африка и Блискиот Исток.
Во Либија, Ирак, Уганда, Мозамбик и Хаити, бројот на позитивни случаи секоја недела двојно се зголемува, а во Бразил, Индија, Чиле, Колумбија и Јужна Африка тоа се случува на секои две недели.
Светската здравствена организација предупреди дека најголемото зголемување на бројот на заболени се уште е забележано на американскиот континент, каде што дневното зголемување е поголемо со недели од вкупниот број во другите делови на светот.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
