Бројот на загинати во свлечиштето во Индонезија се зголеми на 19, има многу исчезнати под калта
Бројот на загинати во двете свлечишта на земјиште во покраината Западна Јава во Индонезија се зголеми на 19, а многумина се уште се водат за исчезнати, соопшти денеска националната Агенција за катастрофи, пренесе ДПА.
-Најмалку 18 лица се повредени и 150 се спасени во свлечиштата предизвикани од силниот дожд што во саботата ја зафати областа Сумеданг, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи Радитаја Јати.
Во првото свлечиште на земјиштето загинаа осум лица, но во вториот удар, откако пристигнаа првите спасувачи во несреќата, загинаа уште 11 лица, спасувачи, локален полициски началник и шефот на локалната цивилна заштита, додаде Радитаја.
-Според информациите од локалните власти, многу луѓе се уште се закопани под калта, изјави тој, но не даде проценка за колкав број луѓе станува збор, пренесе ДПА.
Поплавите и свлечиштата се редовна појава во Индонезија за време на сезоната на дождови, што трае од октомври до март, додаде германската агенција.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња