Бројот на загинати во поплавите во Кентаки се зголеми на 25
Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Кентаки се искачи на 25 и може да се зголеми, изјави гувернерот на таа американска држава.
„Имаме потврда за 25 загинати. Тој биланс може уште да расте. За жал, верувам дека наредните недели ќе наоѓаме уште тела“, рече Енди Бешеар на прес-конференција.
Обилните дождови го зафатија источниот дел на Кентаки во текот на ноќта од среда кон четврток, претворајќи ги патиштата во реки. Многумина се засолнија на покривите на куќите.
Бешеар рече дека четири деца загинале во поплавите, а не шест како што беше првично објавено.
Станува збор за четворица браќа и сестри на возраст од една и пол до осум години. Тие биле однесени од поројот кога заедно со родителите се искачиле на врвот на дрвото, пишува локалниот весник „Lexington Herald Leader“.
Голем дел од Џексон, град со 2.200 жители на околу 100 километри југоисточно од главниот град Франкфорт, е потопен.
„Стотици домови, игралишта, паркови, компани се под толку многу вода, што мислам дека некој од нас некогаш не видел во таа област“, рече гувернерот.
Поплавите се втората голема катастрофа што го погоди Кентаки во изминатите седум месеци, по серијата торнада што однесоа речиси 80 животи во западниот дел на државата во декември.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ