-->
-->
Бројот на загинати во циклонот во Мозамбик се искачи на 598
-->
Властите во Мозамбик денеска соопштија дека бројот на загинати во циклонот Идаи, што пред две недели ја погоди земјата, се искачи на 598, додека хуманитарните работници се борат со епидемија на колера.
Светската здравствена организација објави дека се пријавени најмалку 1.052 случаи на колера, а едно лице починало.
Оваа болест се шири во градот Беира, кој има половина милион жители, откако минатата недела во него беше прогласена епидемијата.
Околу 900.000 вакцини пристигнаа во Беира, а кампањата за вакцинација ќе почне деновиве.
Голем број луѓе немаат пристап до чиста вода, а случаи на колера се пријавени и надвор од Беира.
Во циклонот Идаи, настрадаа најмалку 259 лица и во соседното Зимбабве и најмалку 56 во Малави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
