Бројот на вработени во ТИРЗ во април достигна 16.700 лица
Бројот на вработени во ТИРЗ во април повторно бележи раст и достигна 16.700. Тоа е за 15 проценти повеќе од април 2022 година односно 20 проценти повеќе од 2021 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата.
Само од почетокот на годинава, информираа денеска од Дирекција за ТИРЗ, во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 500 наши сограѓани.
- Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.230 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12 проценти споредено со април минатата година. И увозот во првите четири месеци од годинава достигна над една милијарда евра. 250 милиони евра увоз оствариле компаниите во ТИРЗ само во април, што е на исто рамниште со април 2022 година, појаснуваат од ТИРЗ.
Поради ваквите економски движења, наведуваат, продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со април е 20,5 проценти.
Инаку, годишната анализа на ТИРЗ покажала дека компаниите во Зоните, уплатиле 35 проценти повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно, појаснуваат од ТИРЗ, за 1 евро исплатено од државата компаниите назад во буџетот враќаат најмалку 4 евра.
Податоците во анализата направена врз база на завршните сметки од компаниите покажува и дека тие оствариле ниво на нето добивка за 10 проценти повисоко споредено со претходната година, од кои исто така дел влегуваат во Буџетот. Корисниците на ТИРЗ регистрираат пораст на нето платата од најмалку 13 проценти во однос на 2022 година, што е повисоко и од растот на нето платата во националната економија.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
