Бројот на украински бегалци во Полска надмина четири милиони
– Бројот на Украинци кои ја напуштија својата земја и преминаа во Полска по руската инвазија во февруари, ја надмина границата од четири милиони, наведе денеска на Твитер полската Агенција за гранична контрола, пренесе ДПА.
Најновите податоци покажуваат дека само вчера во Полска пристигнале нови 24.900 лица. Меѓутоа, додава ДПА, невозможно е да се каже колку од овие лица останале во Полска, а колку отпатувале понатаму во другите западноевропски земји.
Полскиот претседател Матеуш Моравјецки неодамна изјави дека неговата земја е домаќин на околу два милиона украински бегалци.
Ниту, пак, протокот е еднонасочен. Полските власти вчера, исто така, забележаа дека 28.000 луѓе се упатиле кон Полска, од кои многумина се вратиле во областите што сега повторно се под украинска контрола по првичната руска инвазија.
Пред инвазијата Украина имаше население од повеќе од 44 милиони. Многумина од оние што побегнаа се упатија кон Полска, која дели 500 километри долга граница со Украина, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
