Бројот на странски туристи лани поголем за 12,2 отсто
Република Македонија во минатата година ја посетиле 1.491.535 странски туристи кои оствариле 3.176.808 ноќевања. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи бележи раст од 12,2 отсто, а бројот на ноќевањата за 15,2 проценти.
Објавените податоци покажуваат дека во декември лани Македонија ја посетиле 36.068 странски туристи, најпосетено било Скопје, а според сместувачките капацитети престојувале најмногу во хотели со четири ѕвезди каде се сместиле 15.215 туристи, но и со пет ѕвезди 12.067 туристи.
Бројот на туристите во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи раст од 9,6 отсто, а бројот на ноќевањата 9,8 отсто. Бројот на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,7 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 5,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,1 отсто.
Најзастапени туристи во декември биле граѓаните од регионот. Од Бугарија ја посетиле 7.541 турист, од Грција 5.351, Србија 3.134, Албанија 2.654, Турција 2.358 и од Косово 1.725 туристи
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија