Бројот на работниици во индустријата во април поголем за 1,1 отсто
Бројот на работниците во индустријата во април 2016 година во однос на април лани е поголем за 1,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава бележи пораст од 2,3%, во Преработувачка индустрија од 0,9%, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,8%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април е поголем кај Енергија за 3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9%, Капитални производи за 10,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-април годинава во однос на истиот период од 2015-та е зголемен за 1,6 отсто.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче