Бизнис
2. May 2025 - 13:12

Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал

Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март годиава е намален за 4,3 проценти, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во март 2025 година, во однос на март 2024 година има намалување за 4,5 проценти на бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2,1 проценти во Рударство и вадење на камен и за 1,8 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2025 година, во однос на март 2024 година, се намалил кај Енергија за 2,8 проценти, кај  Капитални производи за  7,3 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1 процент, а се зголемил за 13,4 проценти кај Tрајни производи за широка потрошувачка.

Како што објави претходно ДЗС,   индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за два проценти.