Брогдон ја заврши НБА-кариерата

Кошаркарот, Малколм Брогдон, одлучи да се пензионира од НБА по девет сезони
- Официјално се пензионирам од кошарката. Гордо ги посветив мојот ум, тело и дух на играта во изминатите неколку децении. Иако морав да жртвувам многу за да стигнам до тука, добив многу награди. Длабоко сум благодарен што стигнав до овој момент по мои услови и сега ги жнеам наградите од мојата кариера со моето семејство и пријатели. Од дното на моето срце им се заблагодарувам на сите што беа дел од моето патување, го цитираше 32-годишниот Американец ESPN.
Брогдон имаше просек од 12,7 поени, 3,8 скока и 4,1 асистенции во 24 натпревари за Вашингтон визардс во сезоната 2024/25.
Кошаркарот беше избран од Милвоки како 36-ти избор на НБА драфтот во 2016 година. Тој играше и за Индијана, Бостон и Портланд. Тој се приклучи на Њујорк никс пред сезоната 2025/26.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
