Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.
Адамс рече дека на бродот во времето на несреќата имало 277 лица, а 19 биле повредени. Од нив, двајца остануваат во „критична состојба“, а двајца „за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на X.
Морнарицата соопшти дека бројот на повредени лица е 22, од кои 19 се на лекување во болница, се наведува во нивната објава на X, пренесена од германската агенција.
Морнарицата додава дека никој од бродот не паднал во вода заради ударот во мостот.
Бродот „Куаутемок“ е оштетен во несреќата, додаде морнарицата.
Бродот бил во Њујорк на промотивна посета и бил на пат кон Исланд кога се случил судирот, соопшти полицијата на прес-конференција.
Шефот на полицијата Вилсон Арамболес изјави дека првичните информации за причината за судирот укажуваат на механички проблем.
Градоначалникот Адамс рече дека бродот „ја изгубил моќноста“, што довело до судир со мостот, пренсеува ДПА.
Полициската комесарка Џесика Тиш изјави дека е започната целосна истрага. Њујоршката полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа околу мостот.
Непроверени видео снимки на социјалните мрежи покажаа како бродот се судира со мостот додека минува под него, предизвикувајќи кршење на јарболите на бродот.
Бродот со три јарболи беше спуштен во вода во 1982 година и е долг околу 90 метри со висина на јарболот од околу 48 метри.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата