Брнабиќ: Во Србија досега се вакцинирани 9.300 лица, утре се одлучува за отворање на границите
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека досега во Србија се вакцинирани 9.300 лица, корисници на домовите за стари лица и здравствени работници, најавувајќи дека во план е забрзување на вакцинацијата и создавање услови за масовна имунизација, јави дописникот на МИА од Белград.
-Србија до крајот на јануари ќе има два милиона вакцини од различни производители, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември. Во февруари се очекуваат дополнителни 1,3 до 1,5 милиони дози вакцини и се надевам дека во мај или јуни ќе можеме да ја завршиме вакцинацијата, изјави Брнабиќ.
Таа повтори дека Србија во моментов има договор за осум милиони вакцини, од различни производители, што е доволно за вакцинирање на четири милиони луѓе и најави пристигнување на кинеската вакцина.
– Релевантни кинески институции го одобрија извозот на вакцината „Синофарм“ во Србија. Добиваме и 18.525 дополнителни вакцини на „Фајзер“ и очекуваме 500.000 дози на „Спутник V“, рече Брнабиќ.
Како што кажа, до крајот на идната недела на Белградскиот саем ќе биде отворен пункт за масовна вакцинација.
Брнабиќ најави дека утре наутро ќе заседава Кризниот штаб и дека ќе се разговара за мерките за влез во Србија, работата на училиштата и мерките за економијата.
Според последната одлука на српската Влада донесена пред новогодишните празници, влез во Србија за странци е дозволен само со негативен ПЦР тест, одлука чие важење истекува денеска.
Ново на Сител
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација
-
Уапсено 40-годишно лице од Куманово, возело со 1,57 промили алкохол во крвта
-
Уапсен кумановец, возел со 2,66 промили алкохол во крвта
-
Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да го запреме војната, но можеме да помогнеме“
-
Трамп навести истрага против Сорос
-
Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено