Брнабиќ: Владата ќе дозволи извоз на пченица, пченка, брашно и рафинирано масло
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави дека Владата на денешната седница ќе дозволи извоз на пченица, пченка, брашно и рафинирано масло, но и дека нема да дозволи извоз на нерафинирано масло, бидејќи се извезува по повисоки цени, јави дописникот на МИА од Белград.
Со оваа одлука Владата, како што кажа Брнабиќ за РТС, ќе излезе во пресрет на сите барања на Здружението за жито на Србија, а следниот вторник ќе има нова средба со нив за подобро организирање на транспортот.
– Ќе дозволиме одредени квоти за извоз, ќе имаме комисија, ако се пријават повеќе производители за извоз повеќе од планираното, нема да биде според системот кој прв ќе аплицира, туку ќе биде подеднакво распределен за сите, изјави Брнабиќ, оценувајќи притоа дека тука „нема да има можност за корупција“.
Таа им порача на граѓаните дека нема да има недостиг на потребните артикли, и дека државата гледа секогаш да има два до три пати повеќе од потребите, а сепак силосите да се испразнат, извозниците да „ги испочитуваат договорите и да заработат пари сега со овие цени“.
Брнабиќ за РТС изјави дека „сака да ги демантира“ шпекулациите дека веќе е договорено Србија да воведе санкции кон Русија и дека тоа го прави, како што нагласи, „целосно јасно и одлучно, да ништо не е ветено и договорено“.
Таа кажа дека е тешко да се брани принципиелниот став на Србија, но тоа се прави „секојдневно, бидејќи сме изложени на секојдневни притисоци“.
Ново на Сител
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците