Брнабиќ: Персоналот повлечен од амбасадата поради „разузнавачки дејствија“
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека „разузнавачките дејствија“ се конкретната причина за повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Скопје.
Таа, пред новинарите во Белград, истакна дека македонскиот премиер Зоран Заев на Самитот на Берлинската иницијатива во Трст и рекол дека Македонија ќе се воздржи од гласањето за прием на Косово во УНЕСКО.
- Во овој момент, мене тоа ми е најважно - претседателите во регионот да стојат на зборот, посочки српската премиерка.
Таа вели дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ стоел на зборот во однос на „трговскиот спор“ со земјите од регионот, онака како што ветил во разговорите кои ги имале.
Брнабиќ тврди дека Србија многу пати, на повеќе начини, покажала дека е конструктивна, флексибилна и толерантна, и покрај „некои изјави во регионот“, пренесува Танјуг.
Таа најави дека ќе оди на неформалниот состанок во албанскиот град Драч на 26 август, што претставува продолжување на Берлинскиот процес и на кој ќе бидат присутни лидерите од Западен Балкан.
Брнабиќ потврди дека таму ќе има средба со Заев и наведе дека на собирот ќе се разговара за тоа што треба понатаму да се работи, во смисла на развој и подобра иднина на регионот.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз