Брнабиќ: Државјаните на Македонија од 1 јуни можат во Србија без обврска за негативен тест за Ковид-19

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.
Таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија.
-За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појават на Ковид-19, изјави српската премиерка.
За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнаабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.
-Комуницираме со Стопанската комора на Србија и со сите странски амбасади и стопански комори. Во тој случај странските државјани добиваат посебна дозвола за ограничено движење, од хотелот до работното место, кажа Брнабиќ.
Кога станува збор за српските државјани, таа изјави дека тие можат да влезат и да ја напуштат Србија кога сакаат.
-Не постојат никакви лимити. Тие не мора да бидат во самоизолација, односно можат нормално да влезат и да се движат нормално, доколку имаат негативен ПЦР тест на влезот во земјата, изјави Брнабиќ.
Таа најави дека Кризниот штаб денеска ќе го разгледа прашањето за можно отворање на административните премини меѓу Србија и Косово.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
-

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари
-

Државата времено ги суспендираше плаќањата од ИПАРД 3 додека трае истрагата за Стоилев
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
-

Заврши 72-часовната генералка на Скопје
-

Јаневска побара превод од Касами, од Вреди реагираат дека требало да знае албански
