-->
-->
Бркотница во Охрид - полицијата уапси две лица
-->

Рано утринава во 01.15 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници запреле патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Н.(22) од Охрид. Притоа, сопатникот Д.А.(31) од Охрид, излегол од возилото, почнал да бега и исфрлил две пакувања со прашкаста материја. Набргу потоа, тој бил фатен, а по извршениот преглед во возилото биле пронајдени уште две пакувања со прашкаста материја.
Возачот и сопатникот биле лишени од слобода и приведени во СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
