Британските власти ја разгледувале можноста за безвизен режим за 1,5 милиони Турци
Британските власти тајно ја разгледувале можноста за безвизен режим за 1,5 милиони Турци, кои сакаат да патуваат во Обединетото Кралство, пишува британскиот неделник „Сандеј тајмс“.
Неделникот се повикува на пет документи на Форин офисот, до кој имала пристап редакцијата. Во дипломатската преписка се предлага ЕУ да ги држи во тајност сите спогодби, поврзани со укинувањето на визниот режим за Турција, додека не помине референдумот за членството на Велика Британија во Унијата.
Дипломатите во споменатите документи и соопштуваат на Владата дека предложениот договор на ЕУ со Турција за безвизен режим во Шенген зоната може да доведе до тоа Велика Британија да ја разгледа таа привилегија за сопствениците на специјални пасоши од Турција, членови на турската Влада, државни службеници, професори и нивните семејства. Станува збор за 1,5 милиони турски државјани, кои до воведувањето на измените во британското законодавство во 2009 година имале право да влегуваат во Обединетото кралство без визи.
Според заменик-амбасадорот на Велика Британија во Анкара, Џенет Даглас обновувањето на правото на сопствениците на специјални пасоши за безвизно патување во Велика Британија ќе биде ризик, но истовремено и важен симболичен гест кон Турција.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега