Британските министри денеска ќе ја имаат првата аудиенција кај кралот Чарлс Трети
Британските министри денеска ќе ја имаат првата аудиенција кај кралот Чарлс Трети, само неколку дена откако новата премиерка Лиз Трас ја формираше својата влада, јави ДПА.
Високи министри ќе присуствуваат на денешната церемонија во палатата Сент Џејмс, каде Советот за наследување официјално ќе го прогласи Чарлс за крал на Обединетото Кралство. Министрите подоцна ќе се упатат во Бакингемската палата на аудиенција кај монархот.
Премиерката Трас вчера ја имаше првата аудиенција кај новиот крал. Трас се поклони при средбата со кралот Чарлс. Таа му изрази сочувство на монархот за смртта на неговата мајка, а тој ѝ подаде рака и ѝ се заблагодари што одвои време да дојде и покрај нејзиниот напорен распоред.
– Беше толку трогателно попладнево кога пристигнавме овде, сите овие луѓе кои дојдоа да изразат сочувств“, рече Чарлс при неговото враќање во Лондон вчера од Шкотска, каде што почина кралицата Елизабета.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае