Британските лабуристи тврдат дека Тереза Меј е „изолирана“ во владата
Британската опозициска, Лабуристичка партија тврди дека премиерот Тереза Меј е „целосно изолирана„ во владата, како и дека е „премногу слаба“ за да обезбеди успешно излегување на Британија од ЕУ.
Лабуристите обвинуваат дека владата е поделена околу стратегијата за Брегзит, што според најголемата опозициска партија е знак дека кабинетот на конзервативците „не се снаоѓа“ со подготовките за почеток на преговорите за раздружување со Брисел.
Тереза Меј од порано навести дека владата ќе го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба, со што би почнал процесот на Брегзит, до крајот на март 2017 година.
Таа им порача на симпатизерите на владечаката партија и на оние кои беа за напуштање на ЕУ дека тој термин ќе биде запазен, без разлика на одлуката на Вишиот суд во Лондон и жалбата на владата.
Вишиот суд пресуди дека владата не може да го покрене процесот на повлекување од ЕУ, без согласност и договор со Парламентот.
Владата поднесе жалба до Врховниот суд и веќе ја уверува домашната јавност ( и ЕУ) дека второстепениот суд „сигурно ќе ја отфрли„ претходната одлука, инсистирајќи дека владата е таа која има мандат да ја спроведе волјата на мнозинството Британци на референдумот од 23 јуни.
Лабуристите и нивниот левичарски лидер Џереми Корбин, при изјаснувањето формално беа за останување на Британија во ЕУ, но по референдумот брзо се приклонија кон Брегзит, откако голем број нивни традиоционални гласачи и работниците од североисточна Англија и Велс, изнендувачки гласаа за напуштање на Унијата.
Министерот во владата во сенка, Џон Мекдонел изјави денеска дека опозициските лабуристи нема да го блокираат покренувањето на Брегзит.
Овој припадник на крајното левичарско крило на партијата, објасни дека блокадата би значела подршка на „интересите на големите компании„ (кои беа против Брегзит) а против интересите на мнозинството обични Британци.
Изјавата на Мекдонел и на лабуристите , доаѓа по брзото демантирање од владата на откритијата на „Тајмс„ за тоа дека владата е неспремна за Брегзит, дека ќе и требаат уште шест месеци, како и дека за целата операција на напуштање на ЕУ ќе се вработат дополнители 30 илјади луге во јавниот сектор.
Министерот за транспорт Крис Грилинг, во изјава за домашната јавност, утринава ги отфрли ваквите наоди на весникот, тврдејќи дека владата не знае за документ во кој се наведени овие детали и ги демантираше наодите за расцеп во владата околу Брегзит.
Ново на Сител
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија