Свет
19. November 2022 - 18:53

Британскиот премиер Риши Сунак во Киев се сретна со Зеленски

Новиот британски премиер Риши Сунак денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тоа беше прва средба на двајцата лидери, а Зеленски по средбата рече дека „разговарале за најважните прашања за нивните земји и светската безбедност“. 

– Британија знае што значи да се бориш за слобода. Ние сме со вас по целиот пат, им порача на Зеленски и на цела Украина Сунак на Твитер.