-->
-->
Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан во мај идната година
-->
Новиот британски крал Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната 2023 година во Вестминстерската опатија во Лондон, а ќе биде придружуван од кралицата Камила, соопшти денеска Бакингемската палата
Со церемонијата ќе чиноначалствува архиепископот од Кентербери Џастин Велби, духовен поглавар на Англиканската црква.
„Крунисувањето ќе ја одразува моменталната улога на монархот и ќе биде ориентирана кон иднината, а во исто време ќе биде вкоренета во долгата традиција и церемонијалот на монархијата“, се вели во соопштението на Палатата.
Чарлс Трети автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Трета, на 8 септември. Таа почина на 97-годишна возраст по 70-годишно владеење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
