Британски имунолог за суспендирањето на употребата на АстраЗенека: Тоа е катастрофа за вакцинирањето
Питер Опеншоу, истражувач од подрајчето на имунологија при Империјал колеџ во Лондон, остро го осуди запирањето на имунизацијата со вакцината АстраЗенека во дел од ЕУ.
– Мислам дека тоа е катастрофа за прифаќање на вакцината во Европа, каде што и онака е на климави нозе, изјави тој при гостувањето на Би Би Си 4.
Опеншоу смета дека владите на повеќето земји-членки на ЕУ не биле во право што престанале да вакцинираат со оваа вакцина против Ковид-19 по откривањето на неколку случаи на формирање тромбови, што во моментов се испитува за да се види постои ли каква било последователна поврзаност со вакцинацијата.
– Мислам дека е многу јасно дека придобивките од вакцинацијата во овој момент се многу поголеми од можната загриженост за оваа инаку ретка појава на згрутчување на крвта, рече тој, повикувајќи се статистичката фреквенција на несакани ефекти.
Тој исто така рече дека, според него, регулаторните тела во земјите-членки „веројатно се плашат“ да не донесат такви одлуки за паузирање на вакцинирањето, бидејќи потоа тие може да се сметаат за одговорни за последиците:
– А всушност, овие настани (згрутчување на крвта по вакцинацијата) се многу ретки, потенцира имунологот.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
