Британски археолози ископаа римска аристократка погребана во оловен ковчег
Британски археолози ископаа останки на 62 лица, меѓу кои и 23 деца, на претходно непознатото раносредновековно археолошко наоѓалиште близу гратчето Гарфорт, Англија. Научниците веруваат дека тоа е гробница од доцниот римски и раниот саксонски период бидејќи на местото се пронајдени признаци на обичаи од двете култури, соопшти Градскиот совет на Лидс.
Истражувачите се надеваат дека откривањето на гробишта стари 1.600 години би можело да помогне за нови сознанија за преминот меѓу две ери – на Римската Империја околу 400 година од нашата ера и основањето на подоцнежните англо-саксонски кралства. Имено, по падот на Рим, Западен Јоркшир бил дел од Кралството Елмет. Но, како и во цела Британија, и во оваа област преживеале доста влијанија од римската култура што продолжила да се меша со англосаксонската. Оваа практика траела неколку стотици години.
Меѓу највпечатливите наоди се останките на римска аристократка, погребани во оловен ковчег. За скелетот на неидентификуваната жена, се верува дека е стар 1.600 години. Инаку, пронајдени се и лични предмети, како што се ножеви и ќерамика. Археологот Дејвид Хантер, раководител на ископувањето, смета дека оловниот ковчег со скелет на римски аристократ е многу ретко откритие.
– Дрвениот ковчег е обложен со олово, што укажува дека се работи за личност со висок статус. Во ковчегот се пронајдени и парчиња накит, рече тој.
По анализата на наодите, што може да трае една или две години, ковчегот со олово треба да биде изложен во Градскиот музеј на Лидс.
Ново на Сител
-
Ограбено казино во Скопје: Две лица прво го нападнале обезбедувањето, а потоа одзеле пари
-
Групна тепачка пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје
-
Командант на КФОР: Курти е виновен за кризата со општините, ја употреби и полицијата без овластувања
-
Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната
-
СПМ: Нереална и провидна е лажната дилема „интеграција кон ЕУ или изолација“
-
Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори
-
Четиринаесет возачи од Тетово и Гостивар санкционирани поради присуство на алкохол
-
Кузеска: Оваа недела ќе стане јасно дали Мицкоски е за реализација на националните и стратешките цели на земјата