Британската Влада не ја сака Русија во Г7 додека трае војната во Украина
Британската влада нема да ја прифати идејата Русија да се врати во групата Г7, додека нејзините сили се наоѓаат на украинска територија, изјави портпаролот на британската Влада.
На прашањето дали Велика Британија може да и дозволи на Русија да се врати во групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Г7, додека се уште под окупација ја држи украинската територија, портпаролот рече дека ставот на владата на Велика Британија останува непроменет.
- Не можеме да прифатиме Русија да се приклучи на Г7 додека има нелегални сили во Украина. Тоа е нашиот став долги години. Тој став не е променет, изјави портпаролот.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази можноста Русија повторно да се приклучи на групата Г7, а британскиот министер за национална безбедност Ден Џарвис претходно сугерираше дека тоа е можно.
Портпаролот на британската влада, коментирајќи ја изјавата на Џарвис, рече дека министерот зборувал за тоа „во поширок контекст“, за начинот на завршување на војната во Украина.
Џарвис претходно рече дека повторното приклучување на Русија во Г7 ќе биде „прашање што треба да се разговара со меѓународните сојузници“.
По анексијата на Крим во 2014 година, Русија беше исфрлена од групата осум најразвиени индустријализирани земји, која дотогаш се нарекуваше Г8.
Ново на Сител
-
Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија