Британската економија има три пати поголем пад сега, отколку за време на економската криза во 2008 година
Бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија во април се намали за 20,4 проценти на месечно ниво, поради ограничувањата воведени поради Ковид-19, сooпшти британскиот Завод за статистика.
Ова е најголем пад на БДП во Велика Британија, откако започна да се води месечна статистика во 1997 година.
Во март месечниот пад на БДП беше 5.8 проценти. Април беше првиот месец со целосен карантин во Велика Британија, откако воведоа рестриктивни мерки на 23 март. Колапсот на економијата во Велика Британија во април е трипати поголем од економската криза во 2008-2009 година.
Во текот на тримесечниот период од февруари до април, БДП во Велика Британија опадна за 10,4 проценти во одност на минатите три месеци, соопштуваат од Канцеларијата за национална статистика.
Банката на Англија и Канцеларијата за буџетска одговорност предупредуваат дека Велика Британија би можела оваа година да ја забележи најдлабоката рецесија во последните три века.
Ново на Сител
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО
-
Познати 19 учесници за Светското првенство во 2026 година
-
47-годишник од велешко со автомобил удрил во паркирано возило, па во малолетен пешак
-
Маж од тетовско вознемирувал малолетничка, па откако нејзината мајка пробала да разговара со него, тој ја нападнал
-
69-годишен штипјанец палел оган на терасата од својата куќа и предизвикал пожар
-
Тетовец нападнал вработен во угостителски објект со остар предмет
-
Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор, Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија
-
Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под „Лимак“ ќе го растовари метежот во Центар, а улицата „Даме Груев“ ќе прерасне во булевар