Брисел задоволен од изборот на преодната Влада

Европската комисија е задоволна од вчерашниот избор на преодната Влада во македонското Собрание, што е една од клучните и речиси последни точки од договорот од јуни/јули што беше посредуван од еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич, во име на Еврокомисијата порача дека сето ова се чекори во насока на надминување на политичката криза.
- Знаете многу добро дека бевме повеќе од јасни во инсистирањето за имплементирањето на политичкиот договор што беше олеснуван од страна на комесарот Хан преку летото. Сите чекори во оваа насока се нешто што е потребно во насока на остварување на договореното, порача гласноговорничката на Еврокомисијата.
Во Брисел се посебно задоволни што е комплетирана клучната и претпоследна точка од договорот од Пржино, по што останува уште договорената оставка на претседателот на македонската Влада на 100 дена пред одржувањето на изборите на 24 април 2016 година и целосно да се заокружи политичкиот договор што стави крај на политичката криза во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
-

Застрашувачки сцени од Банкок - најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб
-

Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
-

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
