Брегзит го зголеми рејтингот на владејачката колиција во Германија
Поучени од британското искуство Германците не сакаат да ризикуваат давајќи ја својата поддршка за опозициски и антиевропски партии, покажува анкетата на весникот „Штерн“ и телевизијата РТЛ.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во анкетата спроведена во деновите пред и по референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, Германците својата поддршка ја дале на партиите од „големата коалиција“, со што го прекинаа трендот на зголемување на рејтингот на антиевопската и антиисламска партија Алтернатива за Германија (АФД).
Довербата во Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел е зголемена за еден процент и сега изнесува 34 отсто, додека рејтингот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), кој во друга анкета пред еден месец падна на историско најниско ниво од обединувањето на Германија, од 19 се искачи на 22 проценти.
Антиисламската АФД, според анкетата, за една недела загубила еден процент од својот рејтинг и сега е на ниво од 12 отсто, колку што имаат и Зелените, кои бележат пад од 1 процент. Партијата Левица има 9 отсто, доверба додека Слободната демократска партија (ФДП) се уште имаат доволна поддршка од 6 проценти за да влезе во Бундестагот.
- Референдумот во Велика Британија беше доживеан како сигнал за криза во Европа, а граѓаните сметаат дека стабилноста повеќе може да ја одржува владината коaлиција наместо опозицијата, вели Манфред Гилнер, шеф на агенцијата „Форса“, која ја спроведе анкетата.
Речиси 30 отсто од Германците не би гласале за ниедна партија или се уште немаат одлучено за кого би го дале својот глас ако изборите се одржат оваа недела.
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза