Брегу побара од Западен Балкан „Шенген“ механизам за слобода на движењето
Механизам сличен на Шенген од државите на Западен Балкан побара генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, укажувајќи дека недоволно се експлоатираат можностите за регионалната соработка.
-Граѓаните на Западен Балкан треба слободно да се движат со лична карта, а регионот треба да ги отстрани структурните пречки за трговија и инвестиции. Време е во регионот да се примени механизам сличен на Шенген, за да се овозможи патување во целиот регион и да се отвора пат за постепено минување на слободно движење на граѓаните. Слободата на движење е основен предуслов за регионалните економски интеграции, а РСС е подготвен да ја преземе одговорноста, изјави Брегу на Самитот на лидерите на Западен Балкан во Познањ.
Резултатите од Самитот, како што соопшти РСС, се регионална Декларација за заемно признавање на високошколските квалификации, што ќе им овозможи на младите да имаат полза од моделот на автоматско признавање на дипломите и период на студирање на вискошколски установи, како и Декларацијата за Ромите, со која Западен Балкан се обврзува да работи решително за целосна интеграциа на ромското население во регионот.
РСС е еден вид оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и член е и Република Северна Македонија, а од страна на лидерите на Западен Балкан и ЕУ му е доверена и улогата на координатор за спроведување на задачите и целите од Повеќегодишниот акциски план за заеднички економски простор.
Ново на Сител
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври