Брегалница порибена со 100 килограми крап

Членовите на Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“-Штип денеска заедно со Државниот инспектор за води извршија порибивање на реката Брегалница, во близина на бањата Кежовица.
Секретарот на ЗСР „Брегалница“ Благој Димитров вели дека реката е порибена со околу 100 килограми крап, а парчињата се со тежина од 20 до 150 грама. Тој апелира до рибарите во наредните десет дена да не ловат риба на потегот од бањата Кежовица до месноста наречена Четвртиот километар.
- Рибниот фонд на реката Брегалница на ривер пет е во многу добра состојба, бојник имаме во изобилство, така да рибната состојба е многу добра. Членството ни е зголемено, во текот на оваа година имаме околу 500 членови, вели Димитров.
Рибарската чуварска служба и спортските риболовци годинава немаат забележано помор на рибата на реката Брегалница, која поминува низ штипскиот регион.
- Имаше мало загадување од поранешниот текстилен комбинат „Македонка“, реката ни ја фарбаа црвена, бела, сина и тоа го решивме со инспекторите на локалната самоуправа. Што значи и тоа е решен проблем, вели Димитров.
Тој доадава дека поголеми кражби на риба немаат забележано, благодарение на рибочуварската служба, која 24 часа е на терен и го заштитува рибниот фонд. Годинава е реализирана и најголемата казна за рибокрадец, кој ловел со мрежа, а судот му изрекол казна од 700 евра.
Ново на Сител
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
