Свет
3. August 2017 - 8:51

Бразилскиот Конгрес не одобри судење на претседателот Темер за поткуп

Долниот дом на бразилскиот Конгрес, Претставничкиот дом, ноќеска го одби барањето за одбрување почеток на судска постапка против претседателот на Бразил, Мишел Темер, под обвинение за корупција.

„За“ барањето се изјаснија 263 пратеници, 227 беа „против“, а двајца се воздржаа од гласање. За усвојување на барањето беше потребно двотретинско мнозинство или најмалку 342 гласа „за“ во 513-чениот Претставнички дом. 

- Претставничкиот дом, кој го претставува бразилскиот народ, се изјасни јасно и неоспорно. Тоа во никој случај не е моја лична победа, туку победа на правната демократска држава, изјави Темер по гласањето на пратениците.

Евентуалното одобрување на барањето ќе му овозможеше на Врховниот суд да започне постапка против Темер, што рактично ќе значеше негова смена од претседателската функција.  

Меѓутоа, уште пред гласањето во Конгресот, јавниот обвнинител на Бразил, Родриго Жанот, кој и ја покрена иницијатива за судски процес против Тенер под обвинение за  примање потпкуп од 140.000 евра од компанијата за преработка на месо „Жота Бе Еси“, најави дека ќе започне нова постапка против бразилскиот претседател, овој пат под обвинение за попречување на правадата. Тоа ќе значи дека Конгресот ќе треба уште еднаш да гласа за отпочнување судска постапка против Темер.

Темер ја презеде претседателската функција по импичментот на неговата претходничка Дилма Русеф, која беше обвинета за злоупотреба на државните финансии.