Бразилците на протести бараат отповикување на претседателот Болсонаро | ВИДЕО
Демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе бразилски градови барајќи повлекување на претседателот Жаир Болсонаро, чија популарност во последните неколку недели драстично се намали поради корупцискиот скандал во чија заднина е пандемијата на коронавирусот, пренесоа британските медиуми.
Болсонаро во повеќе наврати ги негираше обвинувањата за корупција, изјавувајќи дека нема докази за тоа.
Бразилското Министерство за одбрана изминатава недела ги известило водечките луѓе на Конгресот дека изборите следната година нема да се одржат без измени и дополнувања на системот за електронско гласање во земјата, за да постои трага за секој употребен глас.
Болсонаро следната недела се соочува со избори, во трка во која најверојатно ќе се соочи со неговиот политички ривал, поранешниот левичарски претседател Луис Инјасио Лула да Силва, а анкетите во моментов наведуваат дека Болсонаро ќе загуби од Лула, пренесуваат британските медиуми.
Синоќешните протести се втори овој месец, во кои Бразилците масовно излегоа на улиците во неколку градови за да му се спротивстават на Болсонар.
За време на пандемијата умреа повеќе од 500 000 Бразилци, а многумина го критикуваа претседателот затоа што сметаа дека не ја разбира сериозноста на ковид-19, а, исто така, му забележа што се спротивстави на носењето маски и социјалното дистанцирање, додаваат британските медиуми.
Сенатот сега го истражува Болсонаро, проверувајќи дали имало корупција поврзана со набавката на индиската вакцина против коронавирусот.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
