Братчето ќе донира коскена срцевина: Да помогнеме и ние за Сара да има успешна трансплатација
Сите добри луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Овој пат, за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.
Станува збор за болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за малата Сара.
Истата ќе ја донира нејзиниот брат.
Родителите нивни, молат за помош.
-Нашиот син Виктор Настески, кој има 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники. Трансплантацијата на коскената срж сакаме да се изврши во
специјализирана детска клиника во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик. Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца, меѓу кои и едно од Република Македонија, на иста возраст и дијагноза е причината поради која веруваме во нив. Нашите финансиски можност не дозволуваат да ги платиме
трошоците за лекување, кои се над 200.000 евра, стои во апелот на семејството Настески.
Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка
И на телефонските броеви:
T-mobile 143102
VIP 143480
Ново на Сител
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља