Свет
6. December 2016 - 12:56

Бранови го потопија омилениот град на Путин: Апокалиптични сцени во Русија

Руски Сочи на брегот на Црното море бил погоден од незапаметено невреме, по кое половина од градот бил потопен.
Брановите биле толку високи што по неколку минути олимпиското село практично било претворено во еден голем базен.

Извештаите од Русија велат дека брановите во текот на невремето на 3. декември биле повисоки од пет метри, што предизвикало целосна блокада на градот.

Патиштата се поплавени, а на шеталиштата се урнале околу 150 стебла, пишува Russia Today. Сите летови за Сочи се откажани.

Стеблата се уривале и на струјните кабли, а гасоводните цевки биле исто така оштетени, па половина од градот е без гас и електрична енергија. Штетата е голема, пренесуваат медиумите.

Ново на Сител