Браќата џихадисти убиени во Сирија се од Гњилане

Последните жртви, Албанци од Балканот, на боиштата во Сирија, како џихадисти, се браќата Валон и Хашим Алиу, од селото Жегра, кај Гњилане. Веста ја потврдиле и нивните најблиски.
- Да точно е. Пред една недела ни јавија дека тие се убиени таму, потврдила нивната мајка.
За Сирија тие заминале пред десет месеци, без за тоа да им кажат на домашните.
- Во јануари годинава излегоа од дома без да ни кажат каде одат. Три месеци не знаевме ништо за нив. Потоа ни се јавија и ни рекоа дека се добри, раскажала мајка им.
Според нивната сестра телата на нејзините браќа се погребани во Сирија.
- Сите знаат дека тие се убиени, кој сака може да дојде за сочувство, но ние не гледаме за потреба да ги отвориме вратите за тоа, бидејќи ги немаме телата, тие се закопани таму за нас животот продолжува, изјавила таа.
Со смртта на браќата Алиу, како што јавуваат косовските медиуми, бројот на загинататите косовски Албанци кои се борат на страната на ИД се искачи на педесет.
Деновиве беше потврдена смртта на Басри Сулејмани од Приштина, кој бил десна рака на лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдарим Мухаџери. Тој загинал при бомбардирањата на еден од камповите на ИД во Сирија.
Ново на Сител
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
