Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
Визијата на Македонија е создавање на современ и иновативен енергетски модел кој ќе овозможи праведна транзиција и ќе стане двигател на економскиот раст, во интерес на граѓаните и државата, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на министерскиот панел за Западен Балкан: „Инвестиции во време на превирања и брзи пазарни случувања: Каде се наоѓа регионот на Западен Балкан?“
На настанот што се одржува во рамките на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2025 министерката Божиновска ја нагласи важноста на заедничкото делување во регионот.
- Заедно со земјите од регионот ги претвораме пречките во можности и придонесуваме Западниот Балкан да се постави на светската енергетска мапа, рече таа, додавајќи дека одржливиот енергетски систем е возможно да се постигне само преку здружени напори.
Од Министерството за енергетика информираат дека во рамките на форумот, Божиновска остварила и билатерална средба со генералниот директор на Меѓународната агенција за обновлива енергија, Франческо Ла Камера.
- Таа ја потврди посветеноста на Македонија кон фер и инклузивна енергетска транзиција, нагласувајќи дека „од клучно значење е да се создадат услови за безбедна енергетска и климатска трансформација“, стои во соопштението од Министерството.
На форумот кој кој оваа година се одржува под мотото „Поддршка за чистата енергетска револуција во Западниот Балкан“ во скопје се собрани врвни експерти и клучни актери од целиот свет. Тие дискутираат за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со фокус на регионалната соработка и забрзување на зелената транзиција.
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје