Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата

Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека, ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за дизел-горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток.
- Следиме сè што се случува. Нашите мерки моментно се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и, ако е потребно, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот. Правиме сè што е во интерес на нашите граѓани - рече Божиновска во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Таа нагласи дека земјата е трета според мерките што ги презема за цените на нафтените деривати и потенцира дека имаме најниски цени во регионот.
Како што посочи, ниедна компанија, која правела реекспорт на нафтени деривати од земјава, се нема обратено во Министерството за енергетика.
- Државниот пазарен испекторат и Царинската управа веќе проверуваат дали е правен реекспорт на деривати - рече Божиновска.
Во одговор на прашање порача дека е за преоценување на тарифните блокови во смектите за потрошена електрична енергија на корисниците на регулираниот пазар доколку тоа е во интерес на граѓаните и значи намалување на крајната сметка што ја плаќаат.
- Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вчера тоа го најави, а јас го поздравувам ако е за доброто на граѓаните и ако се намалат нивните сметки. Би сакале и ние да ги видиме пресметките, меѓутоа тоа е нивна дејност, а ние само би можеле да кажеме дека сме „за“ во случај крајната цел да е намалување на сметките на граѓаните - потенцира министерката Божиновска.
МИА
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
