Божиќно прегледување пораки на Фејсбук може да ве направи очајни
Премногу прегледување пораки на Фејсбук за Божик ќе ве направи повеќе очајни отколку исполнети, особено ако пасивно следите пораки од други луѓе, се вели во студија спроведена во Данска.
Студијата на Универзитетот од Копенхаген сугерира дека прекумерно прегледување социјални мрежи може кај луѓето да создаде чувство на завист. Посебно се предупредува на негативно влијание од пасивно следење социјални мрежи кога не се влегува во комуникација.
Студијата е спроведена на повеќе од илјада лица, воглавно жени кои редовно се на социјални мрежи.
Во неа се додава дека – редовно прегледуавње социјални мрежи како Фејсбук може негативно влијае врз вашата емоционална среќа и на задоволството од вашиот живот.
Експерти предупредуваат на можна завист и „влошено расположение“ кога премногу се следат пораки од други лица на социјални мрежи бидејќи тие поттикнуваат нереално социјално споредување. Активен ангажман е попозитивно искуство, се сугерира во студијата објавена во списанието Cyberpsychology, Behaviour and Social Networking.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник од Грција на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства
-
НБА: Оклахома поведе со 3-0, втори победи на ЛА Клиперс и Њујорк
-
Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките
-
Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО
-
УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат
-
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен вечер на литургиски обред
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон
-
Влаховиќ се повреди