Божикен ручек за 500 деца
Под мотото „Едно небо за сите деца“ околу 500 деца од повеќе градови од земјава ќе се дружат и заедно ќе го прослават Божик на традиционалниот, заеднички, Божикен ручек на 7 јануари.
Оваа манифестација со која се означува почетокот на Новата Година за да биде посреќна и повесела за децата, по 14-ти пат ја организира невладината Детска амбасада за сите деца во светот.
Како што нагласува организаторот, на Божиќниот ручек на 7 јануари во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ се поканети децата од Скопје, Битола, Тетово, Крушево, Демир Капија, Струмица, од Прилеп и од другите градови и се од повеќе целни групи од сите верски заедници: деца без родители, деца со посебни потреби, деца на загинатите браниотели и истакнати деца на невладината Детска амбасада за сите деца во светот.
На оваа традиционална манифестација која досега опфатила преку 7.000 деца, се промовираат највисоките вредности – еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата.
Божиќниот Ручек ќе го благослови митрополитот Петар, а децата ќе добијат новогодишни пакетчиња од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.
За збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танцовото студио „Зодијак“ од Прилеп, младите Илина и Јована Николовски од Скопје како и Христијан Тодороски.
Ново на Сител
-
Се одржа заедничка седница помеѓу владите на Македонија и на Унгарија, серија билатерални средби на министрите
-
БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани
-
Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик
-
106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден
-
Лихвари за 3 години изнудиле 9.715.000 денари од лице во Охрид
-
Тепачка, димни бомби, Брза помош - Хаос во српското Собрание | ВИДЕО
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево