Боздаг: Ако успееше пучот во Турција, Ѓулен ќе станеше турски Хомеини
Ако успееше воениот удар во Турција, тогаш исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, ќе се вратеше во земјата исто како ајатолах Хомени во Иран, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
- Тој ќе се вратеше како Хомеини и ќе имаше една сосема различна Турција, која не сакам дури ни да ја замислам, истакна Боздаг, мислејќи на лидерот на Исламската револуција во Иран во 1950 година, ајатолах Рухола Хомеини.
Боздаг нагласи дека според разузнавачки информации, со кои располага Турција, Ѓулен размислувал за бегство од САД во друга држава, за која смета дека нема да го екстрадира во Турција.
Турскиот министер истакна дека евентуален избор на исламскиот духовник би можеле да бидат Египет, Мексико, Канада, Австралија или Јужна Африка.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло