Бошњаковски: Во вторник ќе почне процедурата за избор на нов јавен обвинител
Владата на Република Македонија на наредната редовна седницата во вторник ќе му препорача на Собранието да ја почне процедурата за избор на нов јавен обвинител, информира денеска портпаролот Миле Бошњаковски.
- Владата на седницата ќе постави на дневен ред Предлог-заклучок со кој ќе му предложи на Собранието да го огласи именувањето на јавен обвинител. Собранието по ова треба да распише оглас за кандидати за јавен обвинител во „Службен весник" и во најмалку два дневни весника од кои еден мора да биде на албански јазик. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник", рече Бошњаковски на денешната прес-конференција.
Владиниот портпарол појасни дека потоа Советот на јавни обвинители има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
- Потоа постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. По тоа одлуката оди во Собрание како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас, информира Бошњаковски.
Нагласи дека основна цел на Владата при изборот на нов јавен обвинител ќе бидат интересите на граѓаните и додаде дека веднаш по добивањето на мислењето, Владата ќе го постави изборот на јавен обвинител на првата наредна седница.
- Ќе се бира професионалец, односно личност од професијата со дигнитет и достоинство кој ќе го врати угледот на позицијата јавен обвинител, ќе го почитува законот и Уставот и ќе постапува еднакво, непристрасно и одговорно во делење направдата и воедно ќе ја врати довербата на граѓаните во правосудните институции, рече Бошњаковски и додаде дека ќе се запазат сите законски регулативи при изборот на новиот јавен обвинител.
На предлог на Владата, Собранието, вчера попладне го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија. Во причините за разрешувањето Владата наведе дека Зврлевски ја вршел функцијата незаконито, ненавремено и недоволно стручно. Со своето однесување и дејствување, според Владата, покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо