Бошњаковски: Ставот на Владата за името останува ист
- Ставот на Владата во однос на последниот предлог за името е непроменет, а останува да причекаме за очекувања од утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. Ќе имаме официјална информација што ќе ја споделиме со јавноста, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција одговарајќи на прашање какви се очекувањата од утрешната средба во Њујорк.
- Ставот на Владата што го пренесоа премиерот Заев и министрите Шекеринска и Димитров останува ист. Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа ги одразува и сите останати делови кои ја обележуваат Македонија како мултиетничка држава. Сметаме дека тоа е добар предлог за конечно решение, рече Бошњаковски.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба