-->
-->
Бошњаковски: Химната останува иста и текстуално и инструментално
-->
Националната химна останува, ниту некогаш се разговарало химната да претрпи измени, ниту за тоа ќе се разговара. Химната останува иста и текстуално и инструментално, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-Вчера поради доцнење при слетување на авионот со грчкиот премиер Алексиск Ципрас беа изоставени сите свечени активности при дочекот, кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната, меѓу другото, и пред Владата, рече Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека биле изоставени овие активности со цел да се добие на време, бидејќи посетата беше работна и во текот на еден ден имаше премногу активности.
-Химната во ниту еден момент не била спорна. Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз националната химна. Како потврда во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор во повеќе различни прилики националната химна била интонирана пред официјални грчки претставници како што беше кревањето на знамето на НАТО пред зградата на Владата, рече Бошњаковски.
Во контекст на тоа додаде дека истото се случи пред неколку дена на Националниот ден на Република Грција на прием организиран од грчката Амбасада каде беше интонирана нашата химна.
-Исто така на спортски натпрервари како што беа квалификациите во Грција за Европското ракометно првенство нашата сениорска репрезентација играше во Грција, каде се интонираше нашата национална химна. Ова се примери кои укажуваат дека химната ниту била спорна, ниту ќе биде спорна, рече владиниот портпарол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот