Борозан нов ракометар на ГРК Охрид

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан од денеска е нов ракометар на ГРК Охрид, потпишувајќи договор со македонскиот суперлигаш до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката.
„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид“, изјави Борозан за клупскиот сајт.
Трисетиедногодишниот Борозан доаѓа во охридскиот суперлигаш од редовите на РК Вардар 1961, а во својата кариера настапуваше за бројни клубови, вклучувајќи ги Веспрем, Загреб, Ловќен и Металург.
„Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи. Ги поздравувам охридските навивачи, групата „Рибари“ да нè бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот“, додаде Борозан.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
