Живот
4. April 2018 - 20:47

Борко Ристовски: Од аеродром право во прегратка на сопругата и новородениот син

Македонскиот репрезентативен голман во ракомет, Борко Ристовски и неговата сопруга Николина кои пред два дена го добија своето прво дете, синот Душан, велат дека го живеат својот сон.

Раскажуваат дека Душан е нивниот најголем благослов кој им ги комплетирал животите, а за читателите на ,,Фокус’’ Николина ги открива деталите од најсреќниот чин, реакциите на Борко и нивните планови за во иднина.

-Душан се роди во клиниката во Скопје под надзор на Др. Миле Тантуровски во кого од почеток имавме голема доверба. Борко не беше присутен на самата операција, тој истиот ден секако требаше да пристигне во Македонија, но природата така ги намести случувањата. Борко имаше неколку утакмици со својот клуб на крајот на месецот и моравме да бидеме разделени десетина дена, па како го поминавме терминот, неколку дена сите коментираат како Душан излегол таман да си го дочека татко му. Јас имав желба да се породам природно, но иако така започна породувањето, на крај бев породена со царски рез, па сега се окрепувам како што и бара оваа операција. Тато ни пристигна истата вечер и веднаш од аеродром ни дојде да се гушнеме – раскажува пресреќната мајка за Фокус